Фокусирање на меѓународната поддршка и отворените јавни повици кои даваат можности за финансирање на капитални проекти. Една од тие можности е и програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија 2021-2027.
За таа цел Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов учествуваше на заедничката средба на градоначалници од југоисточниот регион на Македонија и западниот регион на Бугарија, која се одржа на 31 Март и 1 Април во Сандански, Бугарија.
На средбата покрај градоначалниците учествуваа и високи претставници од Владите на двете земји како и други меѓународни претставници кои ја презентираа програмата и досегашните искуства од успешно реализирани проекти.
Прекуграничната соработка е двигател на многу капитални проекти и општина Радовиш во тековниот период планира сериозни активности со оваа програма.
Општина Радовиш
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови