По повод големиот Христијански празник Велигден, во Центарот за култура „Ацо Караманов’’, беше одржана традиционалната манифестација „Велигденски креации“. Поединечно декорираните велигденски јајца, велигденските креациии, мозаици, цртежи како и велигденските песнички беа вистински празник за очите.
Учениците од општинските основни училишта и децата од детската градинка и покрај штрајкот на вработените во овој сектор, уште еднаш ја докажаа својата креативност поврзана со славата и значењето на најголемиот Христијански празник.
Честитајки го Велигден и упатувајќи пораки за воскресението христово и обновата на животот, Градоначалникот Ацо Ристов на сите учесници им се заблагодари за убавините со кои го збогатија величествениот православен празник Велигден.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови