„ОДРЖЛИВА УРБАНА МОБИЛНОСТ“ ПРОЕКТ ЗА ПОВЕЌЕ КОРИСТЕЊЕ НА ВЕЛОСИПЕДИ

Проект за „одржлива урбана мобилност“ се подготвува од Општина Радовишкој заедно со зонското паркирање се еден од приоритетите за регулирање на сообраќајот во градот и заштита на животната средина.

„Нашата долгорочна цел е намалување на штетните гасови и подигање на свеста за што помало користење на моторни возила и што повеќе користење на велосипеди. Во најблиска иднина на повеќе локации во градот ќе бидат поставени нови паркинзи за велосипеди. Благодариме на компанијата „Ајрон компани“ од Радовиш за донацијата на велосипедскиот паркинг пред зградата на ЕЛС општина Радовиш и се надеваме на уште поголема соработка со компаниите во делот на подигнување на општествената одговорност и поттикнување на водење здрав живот во нашата општина.„ – се вели во информацијата од општина Радовиш.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза