ДОДЕЛЕНИ 165 ТАБЛЕТИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ОСНОВНИТЕ ОПШТИНСКИ УЧИЛИШТА

Со доделување на вкупно 165 таблети, уште еднаш ги потврдивме севкупните заложби на Градоначалникот на општина Радовиш и Министерството за образование и наука, за инклузивност, хуманост и силна подрршка на ранливите категории ученици со цел да им обезбедиме современи училишни помагала и квалитетно образование во духот на 21 век.информираа од Општина Радовиш.

Во општината на учениците од ООУ „Орце Николов“ од Ињево, ООУ „Коста Рацин“ од Подареш и ООУ „Кирил и Методиј“ од Ораовица а претходно таблетите беа доставени и до ООУ „Крсте Петков Мисирков“ и ООУ „Никола Карев“.

Во име на хуманоста, солидарноста и помошта, Градоначалникот Ристов на сите присутни им посака успеси во образованието, како и топлина, мир и благосостојба во домовите за време на Велигденските празници.

 

Општина Радовиш


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза