Согласно Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година прифатливи се само инвестиции за набавка на трактори, додека набавка на приклучна земјоделска механизација не е прифатлив трошок во овој јавен повик.
КОРИСНИЦИ
За проектите од мерка 121, потенцијален корисник е земјоделско стопанство упишано во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во согласност со Закон за земјоделството и рурален развој по следниве основи:
Физички лица:
• Индивидуален земјоделeц – носител на земјоделско стопанство вршител на земјоделска дејност согласно Закон за вршење на земјоделска дејност;
• Индивидуален земјоделeц – носител на семејно земјоделско стопанство кој се стекнал со статус на осигуреник согласно Закон за пензиско и инвалидско осигурување;
• Носител на семејно земјоделско стопанство
• Носител на земјоделско стопанство кој се занимава со земјоделство како дополнителна дејност;
Правни лица:
• Трговски друштва регистрирани согласно Закон за трговски друштва;
• Трговец поединец – регистриран согласно Закон за трговски друштва;
НАПОМЕНА:
-Барателите кои биле корисници на финансиска поддршка за набавка трактори преку ИПАРД Програмата и Националните програми за финансиска поддршка на руралниот развој за претходните пет години, не се прифатливи како корисници на оваа мерка.
Критериуми за набавка на трактор:
-Минимум производствен капацитет од 2 ха за производство на различни земјоделски култури или на една земјоделска култура и/или
-Минимум 0,5 ха за производствен капацитет на зеленчук на отворено и/или
– Минимум 0,5 ха за производствен капацитет тутун
Максимална вредност на прифатливи трошоци по корисник – до 3.500.000 денари прифатливи трошоци по поединечен корисник
Финансиската поддршка се исплаќа по принцип на ко-финансирање на реализирани и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци.
Ставката на ко-финансирање се зголемува во одредени случаи, и изнесува:
55% од вредноста на одобрената инвестиција, за инвестиции поднесени од носител на земјоделско стопанство од 18 години старост до 40 години старост на денот на поднесување на инвестицијата;-
60% од вредноста на одобрената инвестиција, за инвестиции во земјоделско стопанство кое се наоѓа во подрачје со ограничени можности;-
65% од вредноста на одобрената инвестиција, за инвестиции поднесени од носител на земјоделско стопанство од 18 години старост до 40 години старост на денот на поднесување кое се наоѓа во подрачје со ограничени можности.-
75% за инвестиции во недостапни рурални заедници-
Показатели
Бодoви
Доколку вкупната вредност на инвестицијата не надминува 1.500.000 денари
70
Доколку вкупната вредност на инвестицијата е помеѓу 1.500.001 денари и 3.000.000 денари 60
Доколку вкупната вредност на инвестицијата е помеѓу 3.000.001 денари и 6.000.000 денари
50
Доколку носителот на земјоделското стопанство односно едно од одговорните лица на правното лице е на возраст од 18 до 40 години на денот на поднесување на барањето, или
доколку носителот на земјоделското стопанство односно едно од одговорните лица на правното лице е жена
30
Доколку инвестицијата е наменета за обработка на површини за житни култури од 10 ха и над 10 ха 100
Доколку инвестицијата е наменета за обработка на површини за житни култури помалку од 10 ха 70
Доколку инвестицијата е наменета за обработка на површини за индустриски култури, градинарски кутури, овоштарници и лозја од 10 ха и над 10 ха 50
Доколку инвестицијата е наменета за обработка на површини за индустриски култури, градинарски кутури, овоштарници и лозја помалку од 10 ха 30
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови