ВЛЕЗ ВО БУГАРИЈА БЕЗ КОВИД-СЕРТИФИКАТ

Лицата кои се од  Македонија, Турција, Романија, Србија, Унгарија, Полска, Чешката Република, Словачка, Израел и Египет не треба да покажуваат дигитален ковид-сертфикат.

Ова го соопшти бугарската министерка за здравство проф. Асена Шербезова со наредба издадена вчера.

Во наредбата, исто така, се наведува дека војниците на НАТО кои учествуваат во меѓународни вежби и мултинационални контингенти, како и придружници на цивили, исто така, не се обврзани да презентираат дигитален сертификат на ЕУ за вакцинација, прележана болест или негативен тест или слични документи, кои ги содржат истите податоци.

 

*фото Архива


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза