ЗАПОЧНА ОБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА УТВРДЕНИТЕ ПАРКИНГ МЕСТА

Започнавме со обележување на хоризонталната сигнализација, односно обележување на сите утврдени паркинг места и пешачки премини, согласно сообраќајниот проект. Исто така ќе бидат поставени и сообраќајни знаци согласно проектот и новиот режим на сообраќај во нашата општина.  Целта е решавање на еден од најголемите проблеми со кои се соочуваме во нашата општина – информираше денеска Градоначалникот Ацо Ристов.

Преку проектот „Зонско паркирање„ очекуваме да се реши преголемата оптовареност на сообраќајот во нашата општина а со тоа и регулирање на постоечките паркинг места и целосно ставање под контрола на паркирањето во нашата општина.

Со цел обележувањето да се одвива непречено и ефективно, најважно за сите нас во овој момент е да не паркираме каде што е планирано да се врши обележувањето.Со ваша помош да успееме да ставиме ред во сообраќајот и заедно да го решиме проблемот со паркирањето во нашата општина – информираа од Општина Радовиш.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза