ОПШТИНА РАДОВИШ СТАНА ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ЛОКАЛНИТЕ САМОУПРАВИ ЗА ИСКОРИСТУВАЊЕ НА РЕСУРСИТЕ.

Општина Радовиш како дел од втората група од новите партнер-општини потпиша Меморандум за соработка со Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Со овој Меморандум општината се обврза за подобрување на квалитетот на даночниот систем, зајакнување на оперативниот капацитет на даночната администрација и подобрување на способностите на локалната власт за планирање, управување и спроведување на јавните средства.

Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите е петгодишен проект (2021-2026) кој им помага на општините да ги обезбедат и самостојно да управуваат со ресурсите потребни за финансирање на услугите што ги бараат нејзините граѓани.

Тоа е и нашата цел, бидејки граѓаните мора да бидат задоволни од услугите на општината – се вели во известувањето од општина Радовиш.

 

 

Општина Радовиш


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза