Партијата за движење на Турците (ТХП) по објавување на резултите од Пописот 2021 бара законот за употреба на јазици да се имплементира соодветно податоците од пописот.
– ТХП од самиот почеток со будно око го следи процесот на попис. Задоволувачки факт е што после две декади Република Северна Македонија успеа прилично успешно да ја комплетира оваа обемна статистичка операција преку која добивме доста клучни демографски податоци со кои ќе развиеме попрецизни и реални политики. Првичните анализи покажуваат дека во општините Карбинци, Конче и Василево бројот на граѓаните од турската заедница е над 20%, со што се овозможува службена употреба на турскиот јазик и писмо во рамките на локалната власт, регулирано според Законот за употреба на јазиците.
ТХП апелира до овие општини без никакви одлагања да ги почитуваат законските обврски, а исто така во духот на едно општество, по примерот на општините Кичево, Чаир, Гостивар, очекуваме добра волја за службена примена на турскиот јазик и од локалните власти на општините Долнени, Дебар, Радовиш и Валандово во кои процентот на граѓаните од турската заедница прилично се зголемува, се вели во реакцијата на ТХП.
ТХП според добиените податоци од пописот очекува подобрување на правичната и соодветната застапеност на турската заедница, отворање на паралелки на турски мајчин јазик во повеќе број средини.
– Исто така очекуваме пописот да придонесе за зголемување на демократскиот капацитет и вредности на целокупното општество, како во иднина би се елиминирале актуелните недостатоци и слабости на попишувачкиот процес, наведуваат од ТХП.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови