МАСКИ САМО ВО ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ, ЈАВЕН ПРЕВОЗ И ДОМОВИ ЗА СТАРИ ЛИЦА

Носењето заштитни маски во Македонија од денеска е обврска само во здравствените установи, јавниот превоз, аптеките, како и во домовите за стари лица и лица со посебни потреби.

Владата вчера ја укина обврската за носење заштитни маски во затворени простории. „Иако е укинато носењето маски во затворени простории, Владата силно ја потврдува препораката на Комисијата за заразни болести маски да носат во затворени простории лица над 65 години, хронично болни и лица со намален имунитет“, се вели во соопштението.

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза