Бројни излетници посебно за време викендите доаѓаат на рекреација покрај езерото кое се наоѓа во Општина Конче.
Чистење на викенд-езерската населба покрај Мантово се одвиваше паралелно, со тоа што волонтерите од рудникот Боров Дол и општинската администрација во Конче го собираа отпадот од крајбрежјето на езерото Мантово, а нуркачката екипа од клубот за подводни дејности Охрид го чистеше дното на езерото Мантово.
„Ова е прва заедничка еко акција на Општина Конче и рудникот Боров Дол и прва акција на чистење на дното на езерото и секоја чест за нуркачите од Охрид, кои од Мантово извадија најразличен цврст отпад. – истакна градоначалникот на Општина Конче, Златко Ристов.
„Денес сме на езерото Мантово како Клуб за подводни дејности да учествуваме во еколошката акција за чистење на цврст отпад од дното на езерото. Во акцијата беа вклучени седум нуркачи од сите членови на Клубот, имаме доста искуство во вакви еколошки акции. Ние ова го работиме околу 36 години, сме нуркале и сме чистеле и други езера низ Македонија, Охридското, Дојранското, Преспанското.“- истакнаа од нуркачката екипа од клубот за подводни дејности Охрид.
*фото општина Конче
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови