ЗБРАТИМЕНИОТ ГРАД БЕЛИШЧЕ ВО РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА ГО ПОСЕТИ ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ОПШТИНА РАДОВИШ

Изминатиов викенд, делегација од општина Радовиш предводена од Градоначалникот на општина Радовиш, Ацо Ристов и членовите на Советот, Ванчо Ристов и Страхил Гавритов, беше во посета на збратимениот град Белишче во Република Хрватска.

Повод за гостувањето беше поканата од Градоначалникот на Белишче, Г-дин Динко Бурич со цел одбележувањето на деновите на Белишче во чии склоп се одржаа повеќе протоколарни и културно-спортски активности.

На 30-ти Април во Центарот за култура „Сигмунд Ромберг“ беше одржана свечена седница на Советот на град Белишче каде свое обраќање имаше Градоначалникот Ристов упатувајќи благодарност за поканата и искрени честитки кон сите граѓани за 138-от роденден на град Белишче.

Општина Радовиш во Септември 2016 година со Белишче потпиша Договор за соработка и воспоставување на пријателски односи и оттогаш до денес се остварени неколку заеднички посети на делегации. Во иднина се очекува продлабочување на соработката на повеќе полиња а моментално Белишче е партнер на општина Радовиш во проектот „Зелена топлина“.

 

 

Општина Радовиш


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

Related Articles

Временска прогноза