КОРУПЦИЈА ВО ОНЛАЈН МЕДИУМИТЕ И ИНСТИТУЦИОНАЛНО ПОЧИТУВАЊЕ НА РЕГИСТАР СО ОНЛАЈН МЕДИУМИ

Корупција во онлајн медиумите има, потребна е активна саморегулација но и институционално почитување на Регистар со онлајн медиуми (promedia.mk)

Измена на правилникот на ДИК за финансирање на предизборните кампањи на партиите на онлајн медиумите, саморегулирање на онлајн медиумите со јасно објавено сопствеништво, редакција и уредник, етички да се сензибилираат сите кои работат во овие медиуми од новинари до сопственици, формирање фонд за медиуми.

Ова се само дел од заклучоците од дебатата што ја организираше СЕММ за намалување на корупцијата во онлајн медиумите а на која беа презентирани наодите од истражувањето за перцепцијата од корупција за онлајн медиумите. На дебатата присуствуваа и медиумски работници од Југоистокот.

Истражувањето покажа дека заради нерегулираноста на овие медиуми,  но и заради финансиската нестабилност, онлајн медиумскиот сектор е подложен на корупција најмногу од бизнис секторот, но и од партиите и институциите. Испитаниците конкретизирале дека најмногу се подложни сопствениците на информативните портали, уредниците а најмалку новинарите.

,,Немањето на редовни и сигурни извори на финансирање, наспроти лошата економска состојба во државата, предизвикува политичките партии но и бизнис секторот, да имаат влијание врз онлајн медиумите и да ги злоупотребуваат со цел ширење на одредена пропаганда, остварување на бизнис интереси, сокривање на одредени проблеми, но и ширење на вести кои не се според кодексот на новинарите’’, потенцираше Габриела Андреевска од консултантската куќа која го спроеведе истражувањето.

Како што подвлече таа дел, од сопствениците на онлајн меидуми признале дека се приморани да прифатат одредени коруптивни зделки со политички партии или пак да сокриваат или фаворизираат информации кои доаѓаат од бизнис моќници бидејки во спротивно ќе ги ,,секнат’’ парите за рекламирање но и закуп на банери кај онлајн медиумите. Беше прецизирано дека и  маркетинг агенциите исто така се јавуваат како медијатор при овозможување на средина подложна на корупцијата помеѓу бизнис секторот и онлајн медиумите.

Голем дел од дебатата се посвети на трошењето на јавните пари во онлајн медиумите, ,,претежно за време на избори кога народни пари се слеваат во онлајн медиуми без импресум, сопствеништво или редакции а сето тоа аминувано од полтичките партии. Горан Трпеновски од ДКСК кажа дека се запознати со овој проблем и дека ќе мора да се носи нов правилник и критериуми а ако треба и законски ќе се интервенира’’. Јавните пари да се насочуваат во онлајн медиуми кои се професионални и опфатени со регистар на медиуми.

,,Имаме недоволна транспарентност во распределбата на средства од изборниот колач во медиумите. Ова истражување ќе ни помогне и нам како комисија. Важно е да се напомене и дека треба да се даде поголемо значење на регистарот на професионални медиуми, а и ДКСК е на линија на саморегулацијата многу повеќе отколку на силна регулација од страна на државата’’,  истакна Трпеновски член на ДКСК.

На дебатата стана збор и за членот 102 со кој се забранува рекламирање на државни, јавни и локални институции во медиумите. Димитар Мицев од здружението ,,Медиум Објектив’’ посочи дека овој член не ги опфаќа онлајн медиумите кои не се регулирани што е основа за појава на корупција.

,,Тие си дозволуваат тоа што ние не можеме да си го дозволиме. Ние сме под лупата на сите и ја немаме таа шанса да бркаме кликови со лажни вести.Во онлајн сферата дури инкасираат профит додека другите медиуми се борат за опстанок.  Финансиски не моќни медиуми се подложни на корупција несомнено. Дали е тоа на ниво на новинар, уредник или сопственик тоа е зависно од поставеноста на самиот медиум. Во таа борба за опстанок можноста за корупција е голема. Регулираните медиуми се во помал број  и се помалку ќе ги има’’,  истакна Мицев.

Во земјава има Регистар на професионални меидуми но тој ќе мора да се контролира во поглед на тоа како работат и дали ги почитуваат стандардите. Тамара Чаусидис побара редовен преглед и контрола на сите онлајн медиуми кои се членови во Регистарот за да се добие јасна слика кој е професионален а кој не  и треба да се анализираат ефектите од овој Регистар.

,, Веројатно треба и може да му се наметне на ДИК да ги смета како медиуми оние кои се регистрирани во регистарот ПроМедиа или било кој друг регистар. Преку моделите на финансирање ни влегува корупцијата. Нетранспарентно рекламирање е област која најмногу загрижува,, истакна новинарката Тамара Чаусидис.

Дебатата беше дел од серијалот на работилници кои СЕММ ги организира со новинарите и меидумските работници  со цел да се подобри медиумската сфера и да се поттикне саморегулацијата на медиумите. Онлајн средбата беше организиран во рамките на проектот ,,Поддршка на слободата на изразување во медиумите во Северна Македонија“, што го имплементира СЕММ, а го финансира ЕУ и со поддршка преку USAID.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза