НЕМА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА УЧЕБНАТА ГОДИНА

Владата донесе Одлуката за утврдување на бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година во средните училишта.

Со оваа одлука се утврдува дека бројот на наставните денови во тековната учебна година во средните училишта изнесува 146 наставни денови, односно дека нема продолжување на учебната година.

Министрите во Владата ја разгледаа и усвоија Информацијата за потребата од склучување на Договор за грант за проектот „Рехабилитација на објекти за физичко образование во основните и средните училишта и набавка на спортска опрема„ , меѓу Македонија претставувана од Министерството за образование и наука и Банката за развој при Советот на Европа – ЦЕБ.

Грантот доаѓа од Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF), во висина од три милиони евра и е наменет за реконструкција на 30 постоечки училишни спортски сали во основни и средни училишта и за опремување со спортска опрема на 50 постоечки училишни спортски сали во основни училишта.

 

Влада


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

Related Articles

Временска прогноза