Ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент, проф. д-р Аце Миленковски и Градоначалникот на Општина Радовиш, Ацо Ристов потпишаа меморандум за соработка помеѓу УТМС и Општината Радовиш.
Потпишувањето на овој Меморандум го означи почетокот на соработката помеѓу УТМС и Општина Радовиш за сите активности од заеднички и општ интерес.
Прв значаен чекор во востановената взаемна соработка се петнаесетте стипендии кои УТМС преку Фондацијата „проф. д-р Љубе Миленковски“ ги додели на Општина Радовиш.
Општина Радовиш
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови