Денес во салата на Советот на општина Радовиш во соработка со Министерство за животна средина и просторно планирање и Центар за управување со кризи,Регионалата канцеларија за Источна Европа и Централа Азија на Меѓународната унија за заштита на природата (ИУЦН) ,се одржа првата консултативна средба за заштита од поплави со примена на решенија засновани врз природата во Радовиш.
,,Големо задоволство ние што Општина Радовиш е избрана за пилот -локација како дел од проектот АДАПТ со цел да се намалат ризиците од природни катастрофи и прилагодувањето кон климатските промени”-истакна Градоначалникот Ацо Ристов
Проектот АДАПТ е тригодишна иницијатива финансирана од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida) и имплементирана од Регионалната канцеларија на ИУЦИН за Источна Европа и Централна Азија.
Проектот работи на зголемување на отпорноста на екосистемите и заедниците на климатски промени и ризици од катастрофи со примена на решенија засновани врз природата во шест држави од Западен Балкан,вклучително и Македонија.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови