Во просториите на општина Радовиш, во присуство на Градоначалникот Ацо Ристов, ООУ „Крсте Петков Мисирков“ и основното училиште од нашата пријателска општина Ташкопру од Турција потпишаа Договор за збратимување.
Со тоа ја зајакнуваме соработката на полето на образованието, преку реализација на заеднички проекти преку Еразмус програмата, како и споделување на добри практики и воспоставување на комуникациска мрежа помеѓу наставниците и учениците.
Остануваме посветени на подобрување на условите за современо образование.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови