РИСТОВ: БЕЗ УСПЕШНА РЕЛАЦИЈА И СОРАБОТКА СО БИЗНИС СЕКТОРОТ НЕМА УСПЕШНА ОПШТИНА

Подобрување на бизнис климата и можностите за инвестирање во општина Радовиш, беше тема на работната средба и деловниот ручек со дел од стопанствениците и претставници на компаниите од општина Радовиш и Градоначалникот Ацо Ристов.

Градоначалникот на општина Радовиш, Ацо Ристов започна со неколку иницијативи и конкретни активности. Беше дискутирано за новиот Предлог-Генерален урбанистички план, можностите и капацитетите за инвестирање во општина Радовиш како и можностите и потребите на компаниите да инвестираат во своите бизниси.


„Моторот кој ја придвижува општината е стопанството и бизнис секторот. Без успешна релација и соработка со бизнис секторот нема успешна општина.

Во развиените општества, деловниот ручек на Градоначалникот со стопанствениците е редовна активност – така ќе биде и кај нас. Оваа соработка ја подигаме на највисоко ниво, се со цел заеднички да се избориме за поубав живот на нашите сограѓани.

Ќе продолжиме со чести средби и ќе ги вложиме сите заеднички напори за Радовиш да биде град со кој ќе се гордееме – креирајќи убава иднина за младите генерации. Радовиш е се што имаме. Продолжуваме заеднички да го градиме.“ – истакна Градоначалникот Ристов


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза