СОНЧЕВО И ТОПЛО СО МАЛА ДО УМЕРЕНА ЛОКАЛНА ОБЛАЧНОСТ, ВО ДЕНОВИТЕ ОД ВИКЕНДОТ ЌЕ ИМА ПОЈАВА НА НЕСТАБИЛНА ОБЛАЧНОСТ ПРОСЛЕДЕНА СО ПОРОЕН ДОЖД И ГРМЕЖИ

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=7

Денес во попладневните часови претежно во планинските подрачја ќе има појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа во следните два дена времето ќе биде стабилно и топло, а во деновите од викендот ќе има појава на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Особено нестабилно ќе биде во сабота кога процесите локално ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град.

Утре ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. УВ=8

 

УХМР


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза