КОНКУРСОТ Е ВО ТЕК – 15 СТИПЕНДИИ ЗА УПИС НА СТУДЕНТИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И МЕНАЏМЕНТ

Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр. 5/02), и врз основа на склучениот Меморандум за соработка бр. 09-823/1 помеѓу општина Радовиш и Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје, Градоначалникот на општина Радовиш, распишува конкурс за 15 стипендии.

 

  1. ЕЛС општина Радовиш и Универзитетот за туризам и менаџмент доделуваат 15 (петнаесет) стипендии за упис на додипломски студии во академската 2022/2023 година а ќе важат за период од четири години заклучно со 2026 година,

2.Стипендиите се во износ од вкупно 7000 евра, а ќе се доделуваат на следниот начин: во Прва година 1000 евра, а во Втора, Трета и Четврта година по 2000 евра.

3.Стипендиите важат за запишување на следните Факултети од Универзитетот за туризам и менаџмент:

-Факултет за туризам

-Економски факултет

-Факултет за меѓунроден маркетинг менаџмент

-Факултет за менаџмент на човечки ресурси
-Факултет за информатика

  1. Услови за доделување на стипендии

Право за конкурирање имаат сите дипломирани средношколци кои завршиле средно образование во СОУ „Коста Сусинов“, се жители од општина Радовиш и државјани на Република Северна Македонија.

 

5.Потребни документи за учество на конкурсот

  1. Барање до општина Радовиш;
  2. Фото копија од лична карта, или пасош;
  3. Свидетелства за прва, втора, трета и четврта година средно;
  4. Диплома за завршено средно образование;
  5. Уверение за дравјанство;
  6. Трансакциска сметка (на кандидатот што конкурира);
  7. Семејно уверение;
  8. Уверение од УЈП за остварени приходи на родителите или старателите за 2021год.;

 

Изборот на кандидатите ќе го изврши комисија која ќе биде формирана од страна на Градоначалникот на општина Радовиш.

 

Напомена:

Предност во доделувањето на стипендиите ќе имаат одлични ученици, ученици од  социјално загрозени семејства, ученици кои се деца без родители и ученици од ранливите категории граѓани

 

6.Место и рок за поднесување на документите

Барањата со потребните документи се доставуваат во Архивата на општина  Радовиш во затворен плик со назнака: „За конкурс за стипендирање на Универзитет за туризам и менаџмент – Скопје “

Рокот за поднесување на документите е 20 работни дена заклучно со 08.06.2022 година.

Некомплетните и ненавремено доставените документи нема да се разгледуваат.

Резултатите ќе бидат објавени во рок од 10 дена од завршувањето на конкурсот, на огласната табла во општина Радовиш и на ВЕБ страната на општина Радовиш.

По објавувањето на резултатите, незадоволните кандидати во рок од 5 (пет) дена, можат да поднесат приговор до Комисијата или до Градоначалникот на општина Радовиш.

Комисијата е должна во рок од 5 (пет) дена да одговори на доставениот Приговор.


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

Related Articles

Временска прогноза