“ПРОЛЕТ НА СРЕБРЕНИТЕ СОНИШТА” ЛИТЕРАТУРНА МАНИФЕСТАЦИЈА ЗА ДЕЦА И МЛАДИ

Манифестацијата е во организација на ” Невена за тебе, за мене за нас”, Сојузот за грижи и воспитување на ” децата на Македонија ” и “Просветно дело” АД Скопје.

Како покровител на манифестацијата се јавува Градоначалникот на Општина Радовиш.

Манифестацијата веќе петта година по ред, ги собира најдобрите млади автори од Македонија и регионот, кои со свои творби го продолжуваат ликот и делото на нашиот голем поет Ацо Караманов.

Оваа година Манифестацијата ќе започне на 06.5. во 13 часот со промоција на книгата “Календар на детсвото” од македонскиот поет и писател Киро Донев, кој оваа година слави 80 роденден, за неговото творештво на интерактивен начин преку работилница ќе зборува проф. д-р Ана Витанова Рингачева.

Вториот ден од Манифестацијата ќе се одржи во домот на културата “Ацо Караманов”, каде ќе бидат свечено доделени наградите на наградените ученици, програмата ќе продолжи со промоција и интерактивна работилница на книгата ” Тајната на сината самовила” од Весела Богдановиќ.

 

За книгата ќе зборуваат проф д-р Лили Бошевска и м-р Матилда Бајкова.
Оваа година младите поети твореја на конкурс со наслов ” Во сон од сребро ја исковав слободата”, со што всушност Манифестацијата се приклучува кон одбележувањто на Меѓународниот ден на борбата против фашизмот 9 мај.

Програмата на манифестацијата ќе биде збогатена со настапи на наши ученици музички и ликовни таленти.

 

*фото Архива


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

Related Articles

Временска прогноза