Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр. 5/02), и врз основа на склучениот Меморандум за соработка бр. 09-823/1 помеѓу општина Радовиш и Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје, Градоначалникот на општина Радовиш, распишува конкурс за 15 стипендии.
- ЕЛС општина Радовиш и Универзитетот за туризам и менаџмент доделуваат 15 (петнаесет) стипендии за упис на додипломски студии во академската 2022/2023 година а ќе важат за период од четири години заклучно со 2026 година,
2.Стипендиите се во износ од вкупно 7000 евра, а ќе се доделуваат на следниот начин: во Прва година 1000 евра, а во Втора, Трета и Четврта година по 2000 евра.
3.Стипендиите важат за запишување на следните Факултети од Универзитетот за туризам и менаџмент:
-Факултет за туризам
-Економски факултет
-Факултет за меѓунроден маркетинг менаџмент
-Факултет за менаџмент на човечки ресурси
-Факултет за информатика
- Услови за доделување на стипендии
Право за конкурирање имаат сите дипломирани средношколци кои завршиле средно образование во СОУ „Коста Сусинов“, се жители од општина Радовиш и државјани на Република Северна Македонија.
5.Потребни документи за учество на конкурсот
- Барање до општина Радовиш;
- Фото копија од лична карта, или пасош;
- Свидетелства за прва, втора, трета и четврта година средно;
- Диплома за завршено средно образование;
- Уверение за дравјанство;
- Трансакциска сметка (на кандидатот што конкурира);
- Семејно уверение;
- Уверение од УЈП за остварени приходи на родителите или старателите за 2021год.;
Изборот на кандидатите ќе го изврши комисија која ќе биде формирана од страна на Градоначалникот на општина Радовиш.
Напомена:
Предност во доделувањето на стипендиите ќе имаат одлични ученици, ученици од социјално загрозени семејства, ученици кои се деца без родители и ученици од ранливите категории граѓани
6.Место и рок за поднесување на документите
Барањата со потребните документи се доставуваат во Архивата на општина Радовиш во затворен плик со назнака: „За конкурс за стипендирање на Универзитет за туризам и менаџмент – Скопје “
Рокот за поднесување на документите е 20 работни дена заклучно со 08.06.2022 година.
Некомплетните и ненавремено доставените документи нема да се разгледуваат.
Резултатите ќе бидат објавени во рок од 10 дена од завршувањето на конкурсот, на огласната табла во општина Радовиш и на ВЕБ страната на општина Радовиш.
По објавувањето на резултатите, незадоволните кандидати во рок од 5 (пет) дена, можат да поднесат приговор до Комисијата или до Градоначалникот на општина Радовиш.
Комисијата е должна во рок од 5 (пет) дена да одговори на доставениот Приговор.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови