60 СТЕБЛА ОД РАСТЕНИЕТО КАНАБИС ПРОНАЈДЕНИ ВО ДВОРОТ НА ЛИЦЕ ОД ПОДАРЕШ

На 09.05.2022, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш, постапувајки по наредба на Основен суд Радовиш, извршиле претрес во домот и помошните простории на лице од село Подареш, радовишко. Притоа, во дворот пронашле и одзеле 60 стебла од растението канабис, за кои постои сомнение дека ги засадил и одгледувал неговиот син.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.

 

СВР Струмица

 

 

*фото Архива

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза