Согласно барањата на граѓаните од месните заедници продолжуваме со уредување на урбаните површини со поставување на бехатон плочки и урбана опрема. Нашата цел е централните градски подрачја да бидат модерно уредени со можност за нормално одвивање на сообраќајот и движењето на пешаците.
Уште еднаш упатуваме апел до граѓаните за почитување на сообраќајната сигнализација со цел заедно да придонесеме кон модерен Радовиш.- информираат од Општина Радовиш.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови