ИЗВОРЕН ФОЛКЛОР ОД РАДОВИШКИОТ КРАЈ – уште еден успешен настап на ФА „Злевски бисери“ на фестивалот во Србија

Изминатиот викенд Ф.А.,,Злевски бисери,, од с.Злеово учествуваше на меѓународниот фолклорен фестивал ,,Лопушначка вечер на фолклорот,, кој беше организиран од КУД,,Лопушник,, од с.Лопушник а помогнат од Центарот за култура од Општина Петровац на Млави, Република Србија.

Учество зедоа околу 15 ансамбли и културно уметнички друштва од Источниот дел на Р.Србија и пошироко а нашиот ансамбл беше единствен странски ансамбл,кој со својот настап успеа да ја воодушеви присутната публика а при тоа и да добие и позитивни критики и препораки за учество на други манифестации и фестивали.

На овој меѓународен фестивал нашиот ансамбл учествуваше со детската и младинската група кои вкупно изнесуваа 40 члена.

На фестивалот  Ф.А.,,Злевски бисери,, настапија со програма на изворен фолклор од Радовишкиот крај, а од стилизираниот фолклор беа претставени Песни и игри од Источна Македонија и Комитска легенда.Од овој фестивал понесовме многу спомени,сеќавања и пријателства.

Голема благодарност до домаќините КУД,,Лопушник,, и нивниот претседател Саша Миловановиќ кои беа беспрекорни во секој поглед и од кои може да се научи многу иако оваа им беше прв фестивал. Овде фолклорниот ансамбл,,Злевски бисери,, од с.Злеово не застанува ,како репрезент на Македонскиот фолклор со детската група овој викенд ќе учествува и на фолклорниот фестивал во с.Бучим. Како раководител на фолклорниот ансамбл ,,Злевски бисери,, од с.Злеово можам да истакнам дека ни претстои едно мошне плоден период исполнет со многу учества на манифестации и фестивали. истакна раководителот на Ф.А.,,Злевски бисери,,, Методи Иванов.

Честитки од нашата редакција до овој ансамбл, и им подакуваме уште поплодна и успешна работа во следниот период.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза