Радовиш беше домаќин на дваесет и вториот по ред меѓународен детски фолклорен фестивал „ОРО ВЕСЕЛО“ во организација на Фолклорниот ансамбл „Бучим“.
По тој повод, во Сабота на 11.06. Градоначалникот Ацо Ристов одржа прием на раководствата на претставниците кои зедоа учество на фестивалот. Беа поздравени гостите од република Бугарија како и учесниците од : Скопје, Гевгелија, Неготино, Оризари, Кочани и Струмица а веднаш потоа се одржа и дефилето како и програмскиот дел на плоштадот „Св.Спасо Радовишки“.
Инаку овој фестивал се одржува традиционално по повод празникот на градот „Св.Троица“.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови