МОЖНОСТ ЗА ПОЈАВА НА КРАТКОТРАЕН ПОРОЕН ДОЖД И ГРМЕЖИ ОСОБЕНО ВО ИСТОЧНИТЕ ДЕЛОВИ

Времето денеска сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. УВ=8

Утре исто така ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. УВ=8

Следува период на топло време со изолирана појава на нестабилност во попладневните часови со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено за време на викендот.

 

 

УХМР


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза