Попис 2021: Над третина од становите во земјава се ненаселени, Гостивар со 12.000 празни станови
Од вкупно 839 174 станови, 531 987 станови или 63,4 проценти се населени, а 307 187 станови или 36,6 проценти се ненаселени. Вкупната корисна површина на населените станови 55 212 163 м2, додека на ненаселените е 27 850 636 метри квадратни. Во просек населените станови имаат по 103 метри квадратни, додека ненаселените во просек се по 90 метри квадратни.
Ова го покажува третиот сет на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите, 2021, објавен од Државниот завод за статистика.
По региони најмногу празни станови има во Југозападниот регион каде од вкупно 51 348 станови над половината се ненаселени. Најмалку празни станови има во Скопскиот регион, каде од 243 252 станови, 29 проценти се празни или 70 094.
Во земјава официјално има 34 градови. Од нив осум се големи со над 50 илјади жители, 18 се средни со меѓу 10 и 50 илјади жители и осум се мали со под 10 илјади жители.
Една третина од становите во сите големи градови во земјава се празни
Во Радовиш (24 122 жители) има речиси четири илјади празни станови, Струмица (49 995 жители) има над осум и пол илјади празни станови, Кочани (31 602 жители) има над седум илјади празни станови, Гевгелија (21 582 жители) има над три и пол илјади празни станови и Свети Николе (15 320 жители) и Виница (14 475 жители) имаат над 2 600 празни станови.
Југоисточен регион има 148 387 жители и 74 588 станови, од кои 27 248 или 36,5 проценти се празни.
Најмногу празни станови има во Дојран каде 68,3 проценти од вкупно 3 147 станови се празни. Иако над две третини од становите се празни, нивниот број во оваа општина во последните дваесет години е зголемен за над 32 проценти.
Во најголемиот град во регионот Струмица во последните 20 години бројот на станови е зголемен за речиси 25 проценти.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови