Претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Во попладневните часови ќе има ќе има развој на нестабилна облачност со повремен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен.
Сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер ќе биде и во Радовиш. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со повремен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 28 степени.
Ретка појава на пороен дожд и грмежи се очекува во вторник, претежно во планинските подрачја, а од среда ќе настапи стабилизирање на времето. Дневната температура ќе биде во постепен пораст.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови