Сите заложби на општината заедно со СОУ Коста Сусинов Радовиш за да се обезбеди квалитетно средно образование, произлегоа од сите анкети кои се вршеа со учениците и со бизнис секторот од општина Радовиш имаат се со една цел: да се задоволат потребите на учениците – полуматуранти да се запишат во нашето средно училиште.
Токму поради ова, општина Радовиш упатува
А П Е Л
До сите ученици и родители, односно старатели да се запишат на некои од струките во СОУ Коста Сусинов – Радовиш
Општината и СОУ Коста Сусинов – Радовиш, покрај класичното гимназиско образование, се заложија да се воведат и нови образовни струки како:
1.Геолошко-рударска и металуршка струка со 2 профили:
-рударски техничар и
-металуршки техничар и тоа во дуална паралелка.
- Електро-техничка струка со 2 профили:
-електротехничар- енергетичар и
-електротехничар за компјутерска техника и автоматика;
- Машинска струка со 1 профил: машински техничар и
4.Градежно-геодетска струка со 1 профил: градежен техничар.
Не помалку атрактивни се и гимназиските паралелки од:
– Природно-математичкото подрачје,
– Општествено-хуманистичко подрачје, и
– Јазичното подрачје.
Сево ова дава гаранција дека сега нашите ученици имаат многу повеќе можности за образование во СОУ Коста Сусинов, но и за нивно брзо вработување, односно можност овде во Радовиш да си го оформат своето средно обрзование и да се профилираат во стручни профили кои им се потребни во бизнис секторот, или да се запишат на факултетите кои ги посакуваат.
Со ова, градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов им дава силна поддршка на колективот од СОУ Коста Сусинов – Радовиш, на бизнис секторот, но пред се на нашите ученици – полуматуранти со цел да се запишат во СОУ Коста Сусинов – Радовиш.
Градоначалник
Ацо Ристов
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови