ТОАЛЕТИ, ТУРИСТИЧКИ ИНФО ТАБЛИ, УРЕДУВАЊЕ ОКОЛУ ЈАВОРОТ – ПРОЕКТИ КОИ БИДАТ ИЗРАБОТЕНИ ВО СОРАБОТКА СО ЗДРУЖЕНИЈАТА…

Неколку здруженија во соработка со општина Радовиш ќе изработат проекти, а Радовиш ќе добие јавни тоалети и план за одржлива урбана мобилност, ќе добие ново партерно уредување на просторот околу Јаворот, ќе бидат изработени и поставени дваесет информативни табли за починати лица а планината Плачковица ќе стане модерна туристичка атракција со современи инфо-табли и нови модерни содржини.

Соработката со граѓанскиот сектор мора да биде подигната на највисоко ниво и дека со тоа уште повеќе заеднички ке придонесеме кон подобрување на условите за живот во нашата општина – истакна Градоначалникот Ристов.

Овие проекти се селектирани и одобрени со претходно спроведена постапка согласно Методологија и по донесена Одлука на Советот на општина Радовиш, денес склучи Договори со граѓанските здруженија кои добија финансиска поддршка за проекти од јавен интерес – велат од општина Радовиш.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза