ОД РАДОВИШ ДО ХЕРИНГЕН: ДАНИЕЛ ИЛИЕВ ДВА МАНДАТИ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ГЕРМАНСКОТО ГРАТЧЕ

Интервју со градоначалникот на германскиот град Херинген, Македонец по потекло: Сакав да им го вратам на градот и на луѓето она што ми го дадоа

Градот Херинген се наоѓа во Германија. Иако мал, има богата историја, а се споменува уште во 1153 година. Најпознат е по калиумот кој се ископува, рудникот денес е најголемата област за ископ на калиум во светот и има површина приближно исто како и Минхен. Изобилува со прекрасни пејсажи, чиста природа и неверојатно зеленило.

Е, токму на овој град гадоначалник е Македонец, односно нашинец со македонско потекло. Даниел Илиев е човекот на кој градот му ја даде довербата во два мандати. Исклучително посветен во својата работа, лесно достапен за соработка со граѓаните, спортува и верува дека за добар живот се потребни страст и добри пријатели.

Во Македонија се рашири веста дека Македонец успеал да биде градоначалник во една од највисоко развиените земји во светот, па Машки магазин направи интервју со него: 

ММ. Каде го поминавте детството? Дали вашите родители се Македонци? Колку долго живеете во Германија и каде, на кој факултет го завршивте образованието?

– Роден сум во Бад Херсфелд, Германија и живеев уште од мал во Херинген, каде што го поминав целото мое детство. Моите родители се од Радовиш, Македонија. Откако отидов на училиште во Херинген, потоа заминав во Јена на за да студирам. Студирав политички науки, јужнославистика и историја на економија.

ММ. Како се вклучивте во политиката? Што беше пресудно и на која политичка партија припаѓате?

– Јас сум член на социјалдемократската партија во Германија повеќе од 16 години. Секогаш бев заинтересиран за политика и сакав да го направам светот подобро место.

ММ. Како решивте да станете градоначалник на градот? Што беше пресудно?

– Херинген е мојот роден град. Тоа е градот во кој живеат моите пријатели и семејството. Затоа сакав да им го вратам на градот и на луѓето она што ми го дадоа мене.

Повеќе детали на Машки магазин


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза