РАДОВИШАНИ ВТОРИ ОД СВЕТСКОТО НАТПРЕВАРУВАЊЕ „INFOMATRIX“ КОЕ СЕ ОДРЖА ВО GUADALAJARA, JALISCO, MÉXICO

Едни наши деца,сега се веќе зрели личности на кои отсекогаш авантурите им биле преокупација, денес успеаа да Не’ направат горди нивни сограѓани.

Освоено 2 место во категоријата Hardware Control во финалето на светското натпреварување Infomatrix кое се одржа во Guadalajara, Jalisco, México со проектот SmartPlant.


Велин Ѓоргиев студентот на ФИНКИ Верица Поцева ученичка во средното образование СОУ “Коста Сусинов” Радовиш и менторката Симона Тошеска студент на ФЕИТ се нашите сограѓани кој неодамна учествуваше на светскиот натпревар infomatrix кои се одржа во Guadalajara, Jalisco, México кој траеше од 3-7 јуни, Infomatrix е меѓународен натпревар за компјутерски проекти, роден од желбата да се соберат најдобрите светски ИТ студенти. и се стекнаа со Второто место, сребрен медал

Се радуваме и се восхитуваме на ваквите успеси. Ова е голем успех не само за нашиот град туку и за нашата држава.

 

Нека успехот на Велин, Верица и Симона биде поттик и стимул за сите идни студенти, средносколци и ученици.

 

Со труд успехот е неминовен.

Честитки!!!

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза