СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИК РИСТОВ СО ПРЕТСТАВНИЦИ ОД РОМАЛИТИКО

На средбата се дискутираше за проблемите со кои се соочува ромската заедница во Радовиш, и за можностите и начините како дел од проблемите можат да се решат преку Проектот “Заедно за просперитетна заедница”  кој го имплементира Ромалитико, а поддржан од USAID.

Во моментот Ромската заедница во Радовиш, имаа потреба од улично осветлување. За решавање на овој проблем, Општината пројави интерес за решавање на овој проблем и во следниот период ќе соработуваат со цел да го решат овој проблем.

За останатите проблеми со кои се соочува ромската заедница во Радовиш, од страна на заедницата ќе биде потребно истите да се пријават во Општината, со цел нивно понатамошно решавање преку Проектот  “Заедно за просперитетна заедница” .


Институтот Ромалитико е официјално регистриран како невладин и непрофитен “Институт за Истражување и Анализа на Политики – Ромалитико” регистриран според Законот за здруженија и фондации во  Македонија. (www.romalitico.org)

Ромалитико делува во три програми, Политика, Економија и Право и фокусира на истражувања базирани на докази, застапување, мониторинг и евалуација.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза