НОВА КНИГА НА АВТОРОТ ПАВЛИНА КОШЕВЕЦ „ДЕТСКИ ИГРИ ВО РАДОВИШ“

Излезе од печат новата книга на авторот Павлина Кошевец, која има опфатено класифицирани игри кои се играле/играат во Радовиш.

Детските игри никогаш не познавале граници, освен некои кои се специфични според местото на изведување, средствата кои се користат за играта, или говорните изрази врзани за некое географско подрачје.

Во оваа издание се опфатени традиционалните игри во Радовиш и радовишко, во книгата има 46 информатори и 112 игри: Залагалки, Ајде да си играме, Игрите на снегот, Ора копа, Игри на улоги и драматизација, Игри со реквизити за бој, и многу други…

Традиционланите детски игри се дел од народната култура, а во нив е сочувано педагошкото искуство на многу генерации. Тие припаѓаат во категоријата на спонтани инструменти на социјализација и претставуваат еден од најуспешните моделитети на традиционалното општество, мост помеѓу традицијата и современите достигнувања на технологијата – вели авторот Павлина Кошевец.

Во книгата исто така има речник кој е збогате со зборови од радовишкиот говор, и е дополнување на речникот од „Радовишки маабети“ кој исто така е автор Павлина Кошевец.

Издавач на оваа книга е Центарот за култура „Ацо Караманов“.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза