СОНЧЕВО И МНОГУ ТОПЛО СО МАЛА ДО УМЕРЕНА ЛОКАЛНА ОБЛАЧНОСТ

Времето денеска во земјава ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје слично време со минимална температура од 19, а максималната до 37 степени.

Според УХМР, и во следните денови нашето подрачје ќе биде под влијание на топол бран со високи утрински и дневни температури. Нестабилност на повеќе места со пороен дожд и грмежи се очекува во среда и четврток во попладневните часови. 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза