НЕПРЕЧЕНО, ПО СУВИ КОЛОВОЗИ СЕ ОДВИВА СООБРАЌАЈОТ НА ДРЖАВНИТЕ ПАТИШТА

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Богородица за излез се чека околу 20-30 минути, а на ГП Табановце за влез се чека околу 40-60 минути.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза