ДЕНЕШЕН ДЕН 11 АВГУСТ … Беше донесена одлука и усвоени знамето со црвена боја и со 16-крако златно-жолто сонце..

На денешен ден 11 август 1992 година со одлука на Собранието на Република Македонија беа усвоени знамето со црвена боја и со 16-крако златно-жолто сонце, со осум основни и осум споредни сончеви зраци.

Тоа беше замена за дотогашното знаме со идеолошки симбол од времето на СФРЈ, односно Социјалистичка Република Македонија, кое исто така беше со црвена основа и со ѕвезда петокрака.

Знамето на СР Македонија од 1946 до 1991 година

Новото знаме со 16-кракото македонско сонце се користеше до 5 октомври 1995 година, кога беше сменето со сегашново – црвено со златно-жолто сонце, со осум сончеви зраци…

Смената на знамето беше извршена под притисок на Грција и со поддршка од меѓународна заедница, со образложение дека ќе биде прекината блокадата од страна на Грција што беше воведена кон Република Македонија.

Почнаа со смена на знамето, на Уставот и, како што е познато, пред две години со промена и на името на Република Македонија.

 


ВРЕМЕПЛОВ – 11 Август

1858.- Роден е холандскиот лекар Кристијан Ајкман, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1929 година, пронаоѓач на причинителот на болеста бери-бери. Нобеловата награда ја добил за откривањето на витаминот Б.

1941.- Британскиот премиер Винстон Черчил и претседателот на САД Франклин Рузвелт се сретнале на еден брод во Атлантикот, каде што ја формулирале и на 14 август ја потпишале прочуената „Атланска повелба“, чии начела ги прифатиле и Обединетите нации во својата Декларација во 1945 година. Во повелбата меѓу другото се истакнува дека територијалната промена мора да биде во согласност со слободно изразената волја на народот, народите имаат право да си избираат за себе облик на владеење по волја и тоа право треба да им се врати на сите, и се предупредува дека народите во светот мораат да се откажат од употребата на сила.

1960.- Чад, држава во Африка која била во составот на Француска Екваторијална Африка, се здобила со независност.

1962.- Лансирани биле советските вселенски бродови „Васток – 3“ и „Васток – 4“ со астронаутите Николаев и Попович. Тоа беше прв повеќедневен групен лет во вселената и траел до 15 август.

1992.- Со одлука на Собранието на Република Македонија биле усвоени знамето црвено со златно-жолто сонце, со осум основни и осум споредни сончеви зраци кое беше во сила до 5 октомври 1995 година, кога е сменето во црвено со златно-жолто сонце, со осум сончеви зраци… и химната „Денес над Македонија“ на Република Македонија.

1993.- Пакистан ја признал Република Македонија.

1996.- Умрел чешкиот диригент и композитор Рафаел Јероним Кубелик кој во 1934 година, на 20-годишна возраст, почнал да диригира со Чешката филхармонија.

2003.- НАТО ја презел командата над 5.000 војници на меѓународните сили за помош и безбедност во Авганистан, што била прва мисија надвор од Европа во историјата на тој воено-политички сојуз.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

Related Articles

Временска прогноза