Општина Радовиш распиша Јавен повик за доставување на предлог-програми за реализација на традиционалната манифестација САМУН ем ТАТЛИЈА
Во известувањето се вели:
Врз основа на член 22 став 1 точка 6 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на РМ” бр. 5/02), член 43 од Статутот на општина Радовиш (“Службен гласник на општина Радовиш” бр. 5/02), на ден 30.08.2022 год. Градоначалникот на општина Радовиш објавува,
I.Согласно донесената Годишна програма за активности од областа на културата бр. 08-1484/1 од 03.12.2021 год., каде е предвидено оддржување на манифестацијата САМУН ЕМ ТАТЛИЈА 2022, Градоначалникот на општина Радовиш го распишува овој Јавен повик за доставување на предлог-програми со комплетна финанскиска конструкција за реализација на традиционалната манифестација САМУН ЕМ ТАТЛИЈА 2022 во Радовиш.
- Предлог-програмите треба да бидат комплетни со сите податоци (период и локација на оддржување, предлог музичко-сценска програма, начин на организација на гастрономскиот дел со угостителите, маркетинг-план, комплетна финансиска конструкција и сл.)
III. Заинтересираните правни лица (установи, непрофитни организации, здруженија на граѓани) предлог-програмите треба да ги достават до општина Радовиш, преку пошта на адреса: бул. Александар Македонски бр.7, Радовиш, или во архивата на општина Радовиш, со назнака за Јавен повик за предлог-програми за реализација на традиционалната манифестација САМУН ЕМ ТАТЛИЈА.
Покрај предлог-програмата, задолжително треба да ги достават и Тековна состојба издадена од Централен регистар на Р.М. не постара од 6 месеци.
Јавниот повик трае 5 работни дена заклучно со 05.09.2022 година.
Напомена: Нeкомплетните предлог-програми и оние што нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да бидат разгледувани.
Општина Радовиш
*фото RadovisNews – архива
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови