ПАДНА И ТЕТЕКС ВО ТЕТОВО! СЛЕДЕН СКОПСКИ ВАРДАР! НАШИОТ КЛУБ СО ВТОРА ПОБЕДА.

Во рамките на второто коло од Втората фудбалска лига на Македонија, ФК Детонит Плачковица вчера на Градскиот стадион во Тетово за забележа втората победа оваа сезона.

Стрелци за ФК Детонит Плачковица: Јовица Радевски 25 и 55 мин., Филип Димоски 73 мин.

Нашиот клуб во текот на целиот натпревар беше доминантен и уште во првото полувреме се увиде дека радовишани ќе ги соберат трите бода во Тетово. Резултатот го отвори Радевски уште во 25 минута.

Веќе во сабота на 3 септември во Радовиш ни гостува скопски ФК Вардар, од управата упатуваат повик до сите љубители на фудбалот и спортот во сабота да го наполнат стадионот во Радовиш и им дадат поддршка до уште една победа против „големиот“ ФК Вардар.


  2. Коло – Втора лига

Пелистер – Беса 0-0

Гостивар – Каменица Саса 1-0

Воска Спорт – Пехчево Скопје 3-0

Слога Виница – Караорман 0-0

Беласица – Борец 5-0

Тетекс – Детонит Плачковица 1-2

Вардар – Охрид 2-0

Кожув – Арсими 1-2

 

Табела: Вардар 6, Гостивар 6, Воска 6, Детонит Плачковица 6, Пелистер 4, Беса 4, Слога Виница 4, Беласица 3, Охрид 3, Арсими 3, Караорман 1, Кожув 0, Тетекс 0, Каменица Саса 0, Пехчево Скопје 0, Борец 0.


 

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза