РК РАДОВИШ СО АКТИВНИ ПОДГОТОВКИ ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА СЕЗОНАТА (фото)

Екипата на РК Радовиш активно работи и се реализираат тренинзи во подготвителниот период пред почетокот на новата сезона.

Тренинзите се реализираат во СРЦ „25 мај“ во Радовиш во два термина наутро од 10.00 часот, и попладне во 18.30 часот.

Екипата е комплетна со сите играчи кои ги обновија договорите и новите имиња кои се приклучија на нашиот клуб. Новитети во РК Радовиш се: Јикица Вештица кој игра на позицијата среден бек, Кристијан Костадинов-голман, Гоце Ѓоргиевски-лев бек, Дарио Јорданов-лево крило, тренер е Љупче Мијалов, помошен тренер е Живко Андонов. Играчи кои ја продолжија соработката со РК Радовиш се: Ангеле Органџиев, Иванче Ончев, Томче Трајчевски, Аце Марков, Славјан Паунов, Филип Трајанов, Кристијан Ристов, Здравко Постолов, Матеј Шапков, Ристе Атанасов, Аце Ристов и Костадин Ѓоргиев, Александар Долдуров и Спасе Ѓоргиев ја завршија кариерата и се повлекоа од активното играње ракомет.

Од управата најавуваат неколку пријателски-контролни натпревари пред официјално да започне Супер ракометната лига.

Првиот натпревар РК Радовиш го игра на домашен терен на 03 септември, а ни доаѓа екипата на РК Јуниор КВ.

 

ГРУПА Б:

  1. РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
  2. РК ГОЛДЕН АРТ-КЛ7
  3. РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
  4. РК РАДОВИШ
  5. РК ЈУНИОР К.В
  6. ГРК ТИКВЕШ 2014
  7. РК ПРОЛЕТ 62
  8. РК СКОПЈЕ 2020

КОЛО 1:

РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – РК СКОПЈЕ 2020

РК ГОЛДЕН АРТ-КЛ7 – РК ПРОЛЕТ 62

РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ГРК ТИКВЕШ 2014

РК РАДОВИШ – РК ЈУНИОР К.В

 

КАЛЕНДАР – ГРУПА Б – СЕЗОНА 2022/23 (ЛИНК)

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза