ВРЕМЕНА ИЗМЕНА НА РЕЖИМОТ НА СООБРАЌАЈОТ ВО РАДОВИШ

ЕЛС  општина Радовиш, согласно Законот за безбедноста на сообраќајот на патиштата и Законот за Локална самоуправа а во врска одржување на манифестациите „Радовишки собор“ и „Самун ем Татлија“ донесе

 

ОДОБРЕНИЕ за времена измена на режимот на сообраќајот.

Времената забрана за сообраќај и времениот режим на сообраќај ќе започне од 29.09.2022 год (Четврток) и ќе трае до 03.10.2022 год. (Понеделник).

Режимот на сообраќај за време на Манифестацијата „Самун ем Татлија“ во општина Радовиш е согласно доставениот сообраќаен проект и даденото Одобрение од СВР – Струмица а се однесува на улиците „22 Октомври“, „1 Мај“, „Коста Сусинов“ и ул.„Партизанска“.

Ве молиме за разбирање и се надеваме дека сите заедно ќе придонесеме за уште еднаш да ја прикажеме општина Радовиш како добар домаќин.

Со почит.


А П Е Л

Се замолуваат сите сограѓани во деновите 30 септември, 01 и 02 октомври кога се одржува манифестацијата „Самун ем Татлија“ движењето со моторни возила да го сведат на минимум и кон манифестацијата да пристапуваат без возила со цел да се растерети сообраќајот, да се обезбеди непречено одвивање на сообраќајот и да се ослободи место за паркирање за возилата што ќе пристигнат од другите градови.
„Самун ем Татлија“ е заедничка манифестација на сите радовишани. Убедени сме дека и овој пат сите заедно ќе придонесеме за потврда на гостољубивоста и срдечноста по која сме познати.
Благодариме на разбирањето.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза