ЗАПОЧНУВА СО РАБОТА IQ UP УЧИЛИШЕН ЦЕНТАР ВО РАДОВИШ. УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК!

Од денеска 21.9.2022 година започнува со работа IQ UP училишен центар во Радовиш. Методологијата на IQ UP, едукацијата е заснована на нов и иновативен пристап кон стекнување на трајни знаења од СТЕАМ спектарот.

 Водени од идејата дека секое дете може да стекне знаења доколку содржините му се понудат на интересен, забавен и возбудлив начин IQ UP Macedonia, отвори свои центри низ повеќе градови меѓу кои и Радовиш. Наставните програми опфаќаат деца од 5 до 13 години.

Работата се одвива во мали групи , не повеќе од 10 деца, во современи училници кои наликуваат на реални лаборатории, опремени со најсовремени дидактички нагледни средства, се со цел на децата да им се понуди квалитетна едукација која ќе го задржи нивното внимание од првата минута до последната секунда од часот.

Секој час започнува со мозочно будење, а завршува со програмирање на задачи поврзани со темата која се изучува на тој час. Доколку родителите се’ уште немаат одлучено за активност на нивните деца после училиште IQ UP -Радовиш е одлична можност за тоа.

Уписите во IQ UP училишни центри се’ уште се во тек.

IQ UP  Радовиш

Почнуваме со редовни часови.
Голема група : секојa сабота 11:30.
Мала група: секој понеделник 17:40.
Се’ уште има слободни термини за вашиот бесплатен демо час.
Јавете се и закажете на 070 226-489


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

Related Articles

Временска прогноза