ОДБЕЛЕЖАН 8 СЕПТЕМВРИ – ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА

Денес, на свечен начин на спомен обележјето за независноста на Република Македонија пред зградата на ЕЛС општина Радовиш беше одбележан 8 Септември – денот на независноста на Македонија.
Во име на целокупната општествено-политичка јавност, од страна на делегација на општина Радовиш предводена од Секретарот на општина Радовиш Љупче Почивалец, како и Пратениците Здравко Трајанов и Коле Чаракчиев беше положен венец од свежо цвеќе.
Свежо цвеќе беше положено и од делегација на ОВР-Радовиш
На крај до сите граѓани беше упатена честитка за Денот на незвисноста од име на Градоначалникот на општина Радовиш.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза