КАЛЕНДАРСКИ ЗАПОЧНA ЕСЕНТА

Од денеска 23 септември, започнува есента.

Календарски започна во 03:03 минути во Петок наутро, а ќе заврши на 21 декември во 10:48 часот кога ќе започне зимото.

Есента во земјава и на северната хемисфера почнува вечерва, а во  исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи пролетта.

Есента ќе трае 89 дена, до 21 декември. Тогаш на северната полутопка почнува зимата и овој ден е познат како зимски солстициум или зимска краткоденица. Значи од утре-петок, постепено до 21 декември ноќта ќе се зголемува до 15 часа, а денот ќе се намали на само 9 часа. Во исто време, додека на северната хемисвера почнува есента, на јужната пак започнува пролетта и таму ноќите ќе стануваат пократки од деновите исто така до 21 декември.

 


Како се одредува почетокот на есента?

Метеорологијата го користи Грегоријанскиот календар и ја дели годината на четири еднакви делови, со цел да се олесни предвидувањето на времето. Па така според ова, метеоролошки есента се случува во септември, октомври и ноември, што значи дека есента метеоролошки започува на 1-ви септември и трае до 30-ти ноември.

За разлика од метеорологијата, астрономски, годинишните времиња се одредуваат според времетраењата на денот и ноќта. Па така есента започнува на датумот кога времетраењето на денот и ноќта се еднакви.

Постои и трет начин за одредување на есента, тоа е фенолошкиот или еколошкиот старт на есента. Тоа се одредува според менувањето на природата, водено според циклусот на животните и растенијата.

Зошто жолтеат лисјата на есен?

Паѓањето и пожолтувањето на листовите на дрвјата е еден од начините на кои се одредува почетокот на есента. Оваа карактеристика ја прави и првичната поделба на дрвјата на иглолисни и листопадни.

Листовите на дрвјата се обоени поради присуството на растителени пигменти. Листовите ја добиваат зелената боја поради присуството на пигментот хлофорофил, кој е задолжен за процесот на фотосинтеза, односно начинот на кој растенијата произведуват храна.

На есен паѓаат температурите, а и деновите стануваат пократки со што и исложеноста на растенијата на сонце се намалува. Тогаш растенијата престануваат да произведуваат хлорофил. Молекулите на хлорофилот кој се наоѓа во листовите се распаѓа, со што тие ја губат зелената боја. Како се распаѓа хлорофилот така другите растителни пигменти кои се наоѓаат во листовите почнуваат да се појавуваат. Овие пигменти се жолти и се нарекуваат каратеноиди. Овие пигменти имаат улога преку пролета и летотото да ги штитат листовите од силните сончеви зраци и од паразити.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

Related Articles

Временска прогноза