ПРИЕМ НА ПРВАЧИЊАТА ВО УЧИЛИШТАТА – започна учебната година во во Општина Радовиш (фото)

Учебната година за учениците во средното и основното образование во општина Радовиш започна – најсреќен ден беше за првачињата кои го започнуваат своето образование.

Околу 255 илјади основци и средношколци денеска ја почнуваат учебната 2022/2023 година во која наставата, по две пандемиски години, стартува без антиковид-протоколи и заштитни маски.

За учениците од прво, второ, четврто и од петто одделение се подготвени нови наставни програми за предметите, согласно Концепцијата за основно образование која од лани се спроведува етапно и, според планот, треба да биде заокружена за пет години во целото деветгодишно образование.

Со мала свеченост денес во сите основни училишта во општина Радовиш имаше прием за првачињата, тие беа поздравени од страна на наставниците и директорите на училиштата, од име на општина Радовиш поздрав и честитки за започнување на учебната година имаа од страна на претставници од општината.

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза