ФА ,,ЗЛЕВСКИ БИСЕРИ“ УЧЕСТУВАШЕ НА ФЕСТИВАЛ ЗАЕДНО СО АНСАМБЛИ ОД АЛБАНИЈА, КИПАР, МОЛДАВИЈА, ИНДИЈА, ГРУЗИЈА, КИРГИСТАН

Фолклорниот ансамбл,,Злевски бисери,, од с.Злеово  помина 2000 километри за да учествува на меѓународниот фолклорен фестивал кој се одржа од 9-12  Септември во градот  Газиантепе, Република Турција.

На овој фестивал покрај домаќините учество зедоа уште 7 странски ансамбли: Македонија, Албанија, Кипар, Молдавија, Индија, Грузија, Киргистан.

Со својата програма ансамблот докажа дека може да настапува и пред многубројна публика како што беше секоја фестивалска вечер во Газиантепе.

Од овој фестивал се враќаме исполнети со нови искуства,доживувања и нови договори за нови фестивали.А во овој случај исто така јавна благодарност и до членот на советот на Општина Радовиш, Енис Омер кој како преведувач и водич многу ни помогна во ова наше учество – информираа од Злевски бисери

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

Related Articles

Временска прогноза