ОДРЖАН „ЛАГ ЕКСПО 2022 – САЕМ ЗА ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ“

Денеска во Центарот за култура „Ацо Караманов” во Радовиш, тимот на Програмата на УСАИД за развој на заедницата, имплементирана од Мрежата за рурален развој на Македонија и Балканската мрежа за рурален развој поддржана од We Effect, во соработка со ЛАГ Плачковица како домаќин и ЛАГ Абер 2015, ЛАГ Беласица-Огражден, ЛАГ Бојмија и ЛАГ Малеш-Пијанец како партнери се одржа ЛАГ ЕКСПО 2022 – САЕМ ЗА ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ.

ЛАГ ЕКСПО 2022 е прв саем од ваков тип во нашата земја каде низ презентации и панел дискусии претставници на Локалните акциски групи (ЛАГ-ови) од Македонија, Албанија, Србија, Косово и Хрватска ги претставија своите активности и дискутираа за локалниот развој кој ги засега сите рурални заедници.

Саемската манифестација започна со свечено отварање од страна на Секретарот на општина Радовиш Љупче Почивалец, кој од име на општина Радовиш и Градоначалникот Ацо Ристов ги поздрави присутните гости.

Целта на настанот беше да се презентираат и да се споделат искуствата на Локалните акциски групи од  Македонија, како и од земјите на Западен Балкан и Европската Унија согласно LEADER пристапот како дел од политиките за локален/рурален развој.

 

 

ГАЛЕРИЈА

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

Related Articles

Временска прогноза