ЗАПОЧНУВА „ЛАГ ЕКСПО 2022 – САЕМ ЗА ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ“

Во петок, на 23 септември 2022 година, во Центарот за култура „Ацо Караманов” во Радовиш, со почеток во 11:00 часот, тимот на Програмата на УСАИД за развој на заедницата, имплементирана од Мрежата за рурален развој на Македонија и Балканската мрежа за рурален развој поддржана од We Effect, во соработка со ЛАГ Плачковица како домаќин и ЛАГ Абер 2015, ЛАГ Беласица-Огражден, ЛАГ Бојмија и ЛАГ Малеш-Пијанец како партнери на ЛАГ ЕКСПО 2022 – САЕМ ЗА ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ.

На настанот ќе се обратат Џери Дајбл, претставничка на Канцеларијата на УСАИД во Македонија и Абдулшуќур Абедини заменик министер за земјоделство, шумарство иводостопанство. Помеѓу присутните се очекува да бидат и градоначалници на општините од регионот како и претставници од граѓанскиот и приватниот сектор од државата и земјите од Западен Балкан и ЕУ.

ЛАГ ЕКСПО 2022 е прв саем од ваков тип во нашата земја каде низ презентации и панел дискусии претставници на Локалните акциски групи (ЛАГ-ови) од Македонија, Албанија, Србија, Косово и Хрватска ќе ги претстават своите активности и ќе дискутираат за локалниот развој кој ги засега сите рурални заедници.

САЕМСКАТА МАНИФЕСТАЦИЈА ќе започне во 14:00 часот, со свечено отварање од страна на градоначалникот на општина Радовиш г-дин Ацо Ристов. Со поставени штандови околу 50 изложувачи од 18 општини кои ќе ги претстават своите производи и активности кои се реализираат на териториите на ЛАГ-овите Бојмија, Беласица-Огражден, Малеш-Пијанец, Абер 2015 и Плачковица, пропратено со пригодна културно-уметничка програма.

 

Целта на настанот е да се презентираат и да се споделат искуствата на Локалните акциски групи од Република Македонија, како и од земјите на Западен Балкан и Европската Унија согласно LEADER пристапот како дел од политиките за локален/рурален развој.

Програмата на УСАИД за развој на заедницата го унапредува одржливиот развој на руралните средини во Македонија преку зголемена вклученост на локалните чинители во препознавање и приоретизација на вистинските потреби на заедницата – при тоа потпирајќи се на сопствените ресурси и на зголемениот ангажман на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор во заедничките социо-економски и еколошки иницијативи.

 

Информираат од ЛАГ Плачковица

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

Related Articles

Временска прогноза