ОДРЖАНА ДИСЕМИНЦИСКА СЕСИЈА ЗА ДЕЦА ОД ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ

На ден 23.09.2022год (петок) во ООУ “Крсте Петков Мисирков” – Радовиш се одржа дисеминциска сесија за деца од прво одделение. Сесијата беше прилагодена за децата, кои преку игра, разговор и дискусија, боење на амблемот се запознаа со организацијата и работата на Црвениот крст, како и развивање на чувства за емпатија, солидарност и помагање на другите.
Ние како Црвен крст имаме должност нашите најмали членови на општеството уште од мали нозе да ги учиме на хуманост и солидарност со другите, како единствени предуслови за градење на здраво и хумано општество.
Дисеминациската сесија беше спроведена од страна на обучен ПХВ дисеминатор Новка Велева.

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

Related Articles

Временска прогноза